Македонската квиз асоцијација организира „Мастерс“ во Охрид

Осум теми ќе бидат опфатени на четвртиот квиз „Мастерс“ за оваа сезона што го организира Македонската квиз асоцијација во недела (12 мај) во „Касарна хаб“ во Охрид. Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно натпреварувачите ќе одговараат вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа.

За учество на Мастерсот потребно е да се пријавите преку фејсбук страницата на МКА или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7

Котизацијата за квизот изнесува 150 денари и истата може да ја уплатите за време на одржување на Мастерсот. Учесниците со платена сезонска котизација се ослободени од плаќање. За повеќе прашања во врска со квизот обратете се на фејсбук страница на МКА или на мејлот: [email protected]

Сподели