Меѓународна групна изложба „На чија страна си?: За неврзаната деколонијална констелација“

Меѓународната групна изложба „На чија страна си?: За неврзаната деколонијална констелација“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Националната опера и балет. Кураторки на изложбата се Бојана Пишкур и Ивана Васева. Учесници на изложбата се: Дан Акостиоаеј, Архивски материјали од Неврзаното движење, Ѓорѓе Балмазовиќ, Ѓуверовиќ (таа/неа), Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ, Музеј на африканска уметност, Белград, Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Синиша Илиќ, „Картографија на меѓународните соработки во културата на СФР Југославија со земјите во развој“ (Теја Мерхар), КУРС, Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ), Подгорица и други.

Јавната програма во рамките на отворањето на изложбата ќе се одржи утре во 12 часот во КСП Центар – Јадро.

Изложбата „Нa чија страна си: За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи – антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него. Парафразирајќи го размислувањето на Франц Фанон кое го пренесува Хоми К. Баба, „На чија
страна си?“, што е всушност едно од горливите прашања пред деколонијалните земји во контекст на Студената војна, оваа изложба сега сака да го постави прашањето – На чија страна сме, всушност, кога ќе одлучиме да заземеме страна и позиција, политички и културолошки? Понатаму, како тоа се
манифестира денес врз животот на луѓето? И што можеме да научиме од овие одлуки во минатото?

Изложбата и јавната програма ја отвора оваа тема за прв пат во Македонија. Исто така, редок е потфатот да се презентираат неколку дела од повеќе странски институции како на пример Центарот за современа уметност на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора, Музејот на африканска уметност – Колекција на Веда и Др. Здравко Печар, Белград, Србија и Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго, Чиле.

Организатор е „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ од Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности.

Сподели