Изложби на Марија Светиева, Виктор Бранѓолица и Влахо Бранѓолица во КИЦ во Загреб

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб отворени се изложби на уметници на неколкумина наши уметници. Станува збор за изложбата на акварели на Марија Светиева и Виктор Бранѓолица и изложбата „Каламота подалеку од светлината” на Влахо Бранѓолица по повод 90 години од раѓањето на истакнатиот композитор Љубомир Бранѓолица. Изложбите се во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, со поддршка на КИЦ на Македонија од Загреб и македонското Министерство за култура.

Виолета Калиќ, куратор на овие изложби и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје, за време на отворањето на изложбите ја истакна релацијата меѓу сите изложби во манифестацијата кои претставуваат врска на разнородните стилски и изразни сензибилитети, стремежот за запазување на духовноста и светлината на духот во стремежот за запазување на етичките и хумани вредности.

Отворањето на изложбите беше одбележано со настап на најмладите ученици од повеќе основни училишта од Загреб, кои изучуваат македонски јазик и кои говореа стихови од стихозбирката „Бели мугри“ на македонски поет Кочо Рацин.

Сподели