Награда за Трајче Ѓорѓиевски за придонес во развојот на наставата по математика

За посебен придонес во развојот на наставата по математика, Трајче Ѓорѓиевски доби плакета од Сојузот на математичарите на Македонија. Признанието му беше врачено на изборното собрание на СММ што се одржа завчера на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Д-р Ѓорѓи Маркоски, редовен професор на на Институтот за математика при ПМФ беше реизбран за претседател и ќе раководи со Сојузот и во наредните четири години.

За членови на Управниот одбор (УО) се избрани:

– Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје;
– Јасмина Костова-Папалазова, професор по математика при СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија;
Д-р Мирко Петрушевски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје;
– Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје;
– Петар Филиповски, професор по математика при ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје;
– Зоран Штерјов, професор по математика при СОУ„Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип.

За членови на Надзорниот одбор (НО) се избрани:

– Слаѓана Настовска, професор по математика при ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје;
2. Виктор Симјаноски, математичар/информатичар од САД;
3. Мира Ташкова, професор по математика при ССОУ„Коле Неделковски“ во Велес.

Сподели