Четири ученици ја претавуваат Македонија на 34. Меѓународна олимпијада по биологија која се одржува во Ал Аин, Обединети Арапски Емирати. Нашиот тим го сочинуваат учениците Тамара Лазаровска, Сара Абдулаху, Стефанија Јовческа и Андреј Тодоров. Тие ќе се натпреваруваат со 80 најдобри тимови во светот.
Подготовката и ушеството на нашиот тим го организира Македонското биолошко друштво.
Фото: Македонското биолошко друштво





