Македонските вина претставени како дел од нашата култура во Будимпешта

Дегустација на вина од Македонија во Будимпешта организираа Лекторатот по македонски јазик во унгарската метропола, Институтот за унгарски вина и Балкан-инфо. На настанот присуствуваа голем број познавачи на вина, а беа дегустирани 14 вида вина од винариите Стоби, Тиквеш, Попова кула и винарија Лазар. На настанот говореа организаторите Златко Панзов, Јожеф Кризманич и Тамаш Калцакос.

Лекторот Панзов ги поздрави присутните на настанот, истакнувајќи дека се радува на ваквите можности кога во Унгарија се презентираат делови од македонската култура.

– Особено што оваа година и има што да се прославува – Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта го чествува јубилејот 35 години македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ – рече Панзов.

Златко Панзов

Кризманич зборуваше за македонската винска традиција, специфичноста на македонските вински региони, видовите вина и винска традиција во Македонија. За време на дегустацијата Калцакос детално ги објаснуваше особеностите на секое вино и неговите карактеристики.

Настанот беше и вовед во винската тура низ Македонија што ќе се реализира од 6 до 9 октомври организирана од Институтот унгарски вина и Балкан-инфо.

Настанот беше реализирав во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и поддршка од Амбасадата на РСМ во Будимпешта.

Сподели