Детски ликовен конкурс на тема „Научна фантазија“

Порталот Наука за деца го објави вториот дел од ликовниот конкурс на тема „Научна фантазија“ кој е дигитален. Со тоа ја најавуваат и втората конференција „Наука за деца“ која ќе се одржи на 7 октомври.

– Покрај богатата програма, на конференцијата ќе имаме и изложба со најдобрите дела од ликовниот конкурс – велат од НЗД.

Конкурсот ќе биде отворен до 20 септември. Учесниците треба да креираат дигитална уметност поврзана со науката.

– Една опција е да ја создадете самите со дигитални алатки како Canva, Photoshop или Illustrator. Друга опција е да употребите вештачка интелигенција за создавање на слики (Dall-E, Midjourney) и потоа да ја збогатите со техники како glitch art или пак со рачна манипулација – велат од НЗД.

Повеќе информации за улество на конкурсот на линкот.

Сподели