Конкурс за доделување на награди „Константин Философ“ за 2023 година распиша Филозофското друштво на Македонија. Наградите се востановени за да им се оддаде признание на истакнати личности за постигнувања и значаен придонес за развојот на филозофијата во нашата земја. Наградите се доделуваат во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.
Според пропозициите, кандидатите за награди трема да се македонски државјани, а предлог може да поднесе секој полнолетен граѓанин на нашата земја, групи или здруженија на граѓани, или институции што се занимаваат со образовна, научна и истражувачка дејност.
Предлогот за кандидатот треба да содржи образложена пријава и релевантна био-библиографија, освен за наградата за филозофска книга на годината за која треба да се испрати еден примерок од делото или финална пдф верзија од делото на адресата на Филозофското друштво на Македонија, бул. Гоце Делчев 9А, 1000 Скопје (Филозофски факултет) или на официјалната електронска адреса: macedonian.philosophy@gmail.com.
Крајниот рок за доставување на предлозите е 1 октомври за наградата за животно дело и за млад филозофски истражувач, односно 15 јануари 2024 година за наградата за филозофска книга на годината.
Свеченото доделувањето на наградите ќе се изврши на 16 ноември на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата (за наградата за животно дело и за млад филозофски истражувач) и на 10 март идната година – денот на Филозофското друштво на Македонија (за наградата за филозофска книга на годината).





