Реновираниот Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија обезбедува квалитетни услови за работа на културните работници, за креирање нови проекти, а граѓаните добиваат мултифункционален објект со најсовремена опрема, рече министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вчерашната посета на објектот. Таа ја посети локацијата со вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Костадиновска-Стојчевска потсети дека во Домот на културата во изминатите години успешно се реализираат бројни активности од областа на културата, на фолкорната дејност и зачувување на нашата богата традиција, од драмската, музичката дејност и друго.
Во Домот на културата во последните години се вложени повеќе од 550.000 евра во реконструкција и надградба, како и опремување на целосно нова кино сала. Дел од овие средства (околу 124.000 евра) се од ТАВ програмата и ова е еден од проектите кои се целосно завршени.
– За овие проекти аплицираат самите општини и тие имаат целосна сопственост над нив, што е поттик за сите нас да бидеме креативни, да ги искористиме сите потенцијали во секоја средина – рече Костадиновска-Стојчевска.





