Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер во 19 часот „Трио Интерарт“ ќе го одржи концертот насловен „Враќање“. Ќе настапат флејтистите Емилија Ристевска- Стефановска и Александар Стефановски и Татјана Божиновска, на пијано. На програмата се дела од Шостакович, Доплер, Петровски, Фурстенау и од Кларк.





