Во Кинотеката на Македонија задутре (22 април) во 20 часот ќе се одржи проекција на „TerraForma“, документарен филм за еден вулкански остров, еден грандиозен експеримент и за тоа како амбицијата го менува лицето на природата. „TerraForma“ е режисерско дело на Кевин Бренан и Лоренс Дуркин, уметници што ги истражуваат темите на идентитетот, пејзажот и човечките односи со природниот свет. По филмот ќе се одржи панел-дискусија со експертот за екологија Ханес Јекл. Влезот на проекцијата е бесплатен.
Проекцијата е во рамките на пролетното издание на „Екоскоп“, иницијатива на шест водечки фестивали од регионот: Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм – Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“.
Филмот една недела ќе биде достапен на: ondemand.kinomeetingpoint.ba





