Изложба на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“ ќе биде отворена в четврток (24 април) во 19.30 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово под менторство на проф. Илиријан Бекири, завршила постдипломски студии на ФЛУ – Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски.
Учествувала на 30 групни изложби во земјава, а ова е нејзина втора самостојна изложба. Изложбата ќе биде отворена до 7 мај.





