Во Македонскиот народен театар денеска во 13.30 часот на големата сцена ќе се оддржи јавна комеморација во чест на Ристо Стефановски, на кој сите пријатели, познаници и почитувачи ќе му оддадат почит.
Стефановски беше долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Роден е во 1928 година, во Скопје, а почина годинава на 22 март во родниот град. Во аналите на МНТ ќе остане засекогаш не само како актер, но и како човек кој го раководеше театарот во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година, велат од МНТ. Беше и директор во Драмски театар – Скопје, во период од 26 години.





