Колажна инсталација „Сенки“ на Стојан Павлески во Њујорк

Самостојна изложба на Стојан Павлески во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк е отворена од завчеравечер. Проектот „Сенки“, конципиран како колажна инсталација, ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Лоцирајќи го Демначот и неговото соочување со баналноста на очекувањата, концептот запрашува која е смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата.

Сведочејќи го живеењето низ индустриско-пластичната епоха, трговските војни и акумулацијата на капиталот, проектот го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби приморан на паравоено
преживување, пишува Натали Рајчиновска-Павлеска („Износените плаштови на револуцијата“)

Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период изработени од мојот татко се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во
време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите? (Стојан Павлески)

Сподели