Книжевна вечер посветена на Едуар Луј ќе се одржи вечерва во 19 часот во книжарницата „Илика“ во Скопје. Во знакот на месецот на гордоста во „Илика“ организираат книжевна вечер посветена на францускиот писател Едуар Луј, кој е познат по своите автофикциски романи што се занимаваат со темите на класната нееднаквост, насилството, хомофобијата и идентитетот.
Настанот и разговорот ќе го води Душица Лазова, а нејзини соговорници ќе бидат Мања Величковска и Стефан Алијевиќ. Меѓу другото, ќе зборуваат и за неговиот роман „Кој го уби татко ми“ кој претходната година излезе на македонски јазик во превод на Ацо Пероски и издание на „Илика“.





