Пејачката Дина Јашари ќе го отвори концертот на „Масив атак“ на 28 јуни на стадионот на АРМ. Овој концерт ќе биде отворање на Skopje Calling 2025. Настапот на „Масив атак“ е прв концерт од фестивалот Skopje Calling 2025.
Дина Јашари е лидер на новиот македонски музички бран, добитничка на регионалната награда ,,Милан Младеновиќ“ во 2022, харизматичната кантавторка и продуцентка цврсто го зазеде своето место под регионалното музичко небо
и сосема заслужено ќе настапи пред Massive Attack, велат од „Авалон“, што го организираат концертот.





