Како да студирате за 0 денари на „Бреинстер некст колеџ“ – Отворени денови во четврток

„Студирај сега, плаќај по вработувањето“ е инвестиција од 2,5 милиони евра за да се овозможи достапно и квалитетно високо образование за сите

Дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите, како Google Maps одлучува кoja е најдобрата рута за патување, се само дел од интересните теми на кои ќе говорат професори на отворениот ден на „Бреинстер некст колеџ“ што ќе се одржи во четврток (25 август) во 15.30 часот во просториите на „Бреинстер“. Настанот е наменет за сите заинтересирани за студирање на факултетот и родителите, кои може да се запознаат со административниот и академскиот кадар и дел од реномираните ИТ компании кои ќе нудат пракса и вработување за студентите.

Присутните ќе имаат можност и за кариерно советување, информативни сесии поврзани со уписите на факултетот, студиите, практичната настава и можноста да студираат за 0 денари сѐ до вработувањето или дипломирањето.

– Преку финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, „Бреинстер некст колеџ“ направи инвестиција од 2,5 милиони евра за да овозможи достапно и квалитетно високо образование за сите и да го олесни финансискиот товар за студиите на сите свои идни студенти – велат од „Бреинстер“.

На отворениот ден ќе има инѕтерсни предавања. Професорот Ивица Пешовски ќе даде одговор на прашањето како „Google Maps“ одлучува кoja е најдобрата рута за патување, односно како навигациските системи одлучуваат кој пат да ви го препорачаат преку анализа на работата на Дајкстриниот алгоритам (Dijkstra). Професорот Петар Јолакоски кој ќе зборува на тема „Случајно пребарување и митот за целите“ и ќе објасни зошто модерниот живот се врти околу целите, како случајните пронајдоци може да доведат до големи резултати и постои ли рецепт за голем успех. Горјан Поповски пак, ќе зборува дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите? Преку видеоконференциска врска ќе се приклучи и реномираниот меѓународен експерт Дамјан Обал, кој има богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки. Тој ќе ги детектира и објасни најинтересните митови поврзани со UX дизајн.

На настанот, посетителите ќе ја слушнат и инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на „Бреинстер“, едукативниот центар кој веќе 7 години овозможува професионална едукација градење на кариери во дигиталните индустрии и е воедно основач на „Бреинстер некст колеџ“.

Детална агенда за настанот и линкот за регистрација можете да го најдете тука.

Сподели