„Слики од морето и ловот“ од Диме Темков во Кавадарци

Слики од морето и ловот“ е насловот на изложбата на дела од Диме Темков која вечерва цо 20 часот ќе биде отворена во Музејот во Кавадарци. Тој учествива на тековната ликовна колонија „Михајлово 2022“ во вилата „Рума“ во Дабниште, во чии рамки се отвора и претставувањето на творештвото на Темков.

Роден е во 1971 година во Скопје. Во 1995 година дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје кај проф. Димче Николов. Истата година се запишал на постдипломски студии по графика на Академијата за ликовни уметности во Љубљана кај проф. Лојзе Логар. Живее и работи во Љубљана.

Во 1995 година Темков го постави функционирањето на меѓународниот концепт Фестивал на љубовта и уметноста. Од 1997 до 1998 година бил уметнички директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Скопје, каде што ја отвори Малоградската галерија. Од 2002 година е претседател на ФЛУ – Фестивал на љубовта и уметноста. Работи во неколку области; уметнички, организациски, социјални и хуманитарни.

Во 2005 година, на иницијатива на раководството на Работниот центар за заштита Постојна, водел ликовни работилници за нивните штитеници, курсеви за цртање и сликање, а како ментор посетуваше колонии низ државата. Во 2006 година учествува на добротворна ликовна колонија во хотелот „Јама во Постојна. Три години го водел Малото училиште за класична графика за студенти на уметничките факултети. Долги години работел и со здружението на стари лица за самопомош Модра синичка, за што добил и благодарница од УНИЦЕФ. Има организирано 20 меѓународни ликовни колонии.

Дизајнира и имплементира корпоративни графички слики за различни галерии, издавачки куќи, концерти, прослави, маршеви… Организира и спроведува продажни изложби од хуманитарен карактер. Од 2011 година е член на Ротари клубот Логатек. Од 2012-2014 година го основал и раководел Културниот центар Простор во Љубљана. Од 2014 година го основа и раководи Македонскиот микрокултурен центар Галерија МКД во Љубљана. Во 2016 година го основа Институтот „Преображение“. Од 2020 година работи во Одборот за етика и култура при Ротарискиот округ 1912 за Словенија и Македонија.

Сподели