Документарниот филм „К-15: Од другата страна“ во режија и по сценарио на Ико Каров, беше прикажан синоќа во Македонскиот народен театар. Филмот е создаден во чест на 30 години постоење на легендарното трио составено Бубо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров. По проекцијата, главните актери одговараа на прашања од публиката.

Во 100 минути, филмот ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект. Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.
Проектот е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media. Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14 декември, исто така во МНТ. Карти може да се купат на следниот ЛИНК.





