„Ковид – две години подоцна“ е темата на првата научна дискусија „С(ц)иеста“ која ќе се одржи онлајн од 17 до 19 часот, а ја организира Фондацијата за наука, култура и ментална фискутура „Кантарот“. Панелисти на дискусијата ќе бидат тројца професори од Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Драган Даниловски, специјалист по епидемиологија, проф. д-р Никола Пановски, специјалист по медицинска микробиологија и проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд. Дебатата ќе се одвива во живо, на фејсбук- страницaта на „Кантарот“.
Главни точки на разговорот се: варијантата омикрон и заканите од неа; вакцинација на возрасни и на деца; како се справува Македонија со пандемијата, а како светот. Дискусијата ќе ја модерира д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и истражувач на Институтот Каролинска во Стокхолм. Во дискусијата со прашања ќе можат да се вклучат сите присутни од заедницата С(ц)иеста – научници од различни области родум од Македонија.





