Педесетина европски научници на конференцијата „Предисторија на Балканот“

Предестина научници од странство и од земјава учествуваат на 7. конференција за предисториска археологија, годинава насловена „Предисторија на Балканот“ што ја организира Центарот за истражување на предисторијата. Концференцијата е во тек и се одржува онлајн, а се пренесува на фејсбук страницата на Центарот. Своите наулни трудови ги претставуваат археолози, археоботаничари, археозоолози и антрополози од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и од Македонија.

– На конференцијата ќе бидат презентирани тековните истражувања и најновите резултати поврзани со животот на предисториските заедници, од палеолитот до железното време. Поради својот меѓународен карактер овој настан ќе се одвива на англиски јазик – велат од Центарот.

Конференцијата е финансиски подржана од Министерството за култура, а во нејзината реализација свој придонес има и културниот центар „Јадро“.

Сподели