„Меѓу сонот и јавето“ е насловот на изложбата од Марија Светиева и Виктор Бранѓолица која денеска во 18 часот ќе биде отворена во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Изложбата обединува на еден хармонизиран начин два артикулирани сензибилитети кои опстојуваат и одделно, а заедно создаваат една поетична целина.
– Изложбата изненадува со својот избалансиран ритам на една компактна, впечатлива, инспиративна целина – истакнува историчарката на уметност Виолета Калиќ, стручен соарботник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Домот на културата.






