Златен медал за Македонија на Европското првенство во „Кантер страјк“

Mакедонската кантерстрајк е-спорт репрезентација освои златен медал на Европското првенство во „Кантер страјк“, што се одржа во Романија. На „Кантер страјк глобал офенсив“ македонските кантераши стигнаа до златниот медал во финалето со тимот на Украина. Во големото финале Македонија преку пресврт славеше над Украина со 2-1. Првата мапа „Даст 2“ им припадна на Украинците, а во продолжение на „Мираж“ и „Вертиго“ славеше Македонија. Европското првенство во „Кантер страјк“, кое што се играше во Романија, имаше награден фонд од 25.000 долари, а македонскиот тим освои 10.000 долари.

Претходно нашиот тим триумфираа на Европскиот куп на нации, а пред осум месеци станаа светски прваци.

Македонија ја претставуваа: Павле Стојановски, Даниел Глигоров, Александар Кјулукоски, Дамјан Стоилковски, Јане Апостоловски.

Следен предизвик е Светското првенство.

Сподели