Регионалната соработка, менталното здравје и климатските промени низ призмата на Еразмус+

По повод „Година на млади 2022“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со Europe House Скопје организира интерактивен настан денеска во 18.30 часот во кафе барот „Каза“ во Скопје. Под наслов Think forward: YOUth ACTion with Erasmus+, на настанот ќе присуствуваат евроамбасадорот Дејвид Гир, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, млади волонтери, организации и корисници на Е+ програмата, државни институции кои работат во полето на млади, новинари. Низ призмата на Еразмус+ ќе бидар разгледни неколку пошироки области – регионална соработка, ментално здравје и климатски промени.

– Означувањето на 2022 година како година фокусирана на младите значи дека ќе се направат зголемени напори за вклучување на младинските приоритети во релевантните области на политиката на ЕУ и на секое ниво од процесот на донесување одлуки. Затоа се поканети многу млади лица од различни области за неформално да се разменат идеи и развијат дискусии помеѓу младите и донесувачите на одлуки. Да се слушне гласот на младите – велат организаторите.

Сподели