Изложба на македонски и американски уметници во МСУ

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ – архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова со што ќе боде одбележана 30 години соработка помеѓу Македонија и Соединетите американски држави. Изложбата обединува архиви, дела и размисли на Сараи Шерман, Џаспер Џонс, Ен Черноу, Бурт Черноу, Кристо Јавашев, Метка Крашовец, Тадеуш Мисловски, Луис Камницер, Џеф Расел, Петар Хаџи Бошков, Роберт Јанкулоски, Дуња Иванишевиќ, Роланд Балади, Дијана Томпсон, Кумјана Новакова.

– Ова е обид да се евоцира можноста дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ништо друго туку присуство. Преку прибирање на архивското, на (не)видливите елементи од оваа наша колекција и на можните и невозможните искуства и врски, ова е прибирање на нашите многубројни можни мината – велат организаторите.

Замислена во форма на белешки кон невидлива колекција од желби, како уметничко истражување на можното, изложбата е само една од многуте замисливи архивски и документарни интервенции во видливата и невидливата колекција на МСУ.

Насловна фотографија: МСУ (Архива)

Сподели