Со креативен активизам против дигиталното родово базирано насилство

Креативно справување со предизвиците на дигиталното родово базирано насилство е целта на Колаж-клубот на „Мрежа Стела“ што ќе се одржи денеска во 18 часот во кафе-книжарницата „Илика“ во Скопје. Клубот е наменет за сите креативни личности што сакаат да ја искористат својата имагинација во борбата против насилството.

– Заедно ќе создадеме уникатен шпил карти преку колаж. Секоја карта ќе носи порака, мисла или одговор на штетните реалности на дигиталното насилство. Ова заедничко дело ќе послужи како алатка за подигање на свеста и зајакнување на солидарноста – веат организаторите.

Сподели