Шестмина основци ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO) што ќе се одржи од 12 до 21 декември 2021 во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. По селекционите натпревари што ги организираа Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и Македонското биолошко друштво. Ова се учениците што ќе ја претставуваат Македонија на престижниот натпревар:
Иван Костевски – 9. одделение во ООУ „Димитар Влахов“, Штип;
Матеа Митревска – 9. одделение во ООУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров, Скопје;
Алексиј Тасиќ – 9. одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје;
Марио Ванчовски – 9. одделение во ООУ „Димитар Влахов“, Штип,
Андреј Стојановски – 9. одделение во ООУ „ 11 Октомври“, Центар, Скопје;
Теона Ана Георгиевска – 8. одделение во ООУ „Љубен Лапе“, Аеродром, Скопје.
Насловна фотографија: Архива на ДФРМ





