Избрани шест драми од проектот „Скопските шепотења…“

Шест драми се избрани  во најтесна селекција за проектот „Скопските шепотења, крици и драматизирања“ (Театарот во креативните индустрии 2021). Најдобри драми се: „Big Deal“ на Миа Ефремова, „Уметник во гладување“ на Миа Николоска, „This Tomb Is A Whorehouse“ на Нина Плавањац, „Епилог 2077“ на Никола Кузелов, „Дечко“ на Синан Ракиповски, „Сиров рез (2010-2014) на Миа Волт.

Конкурсот, што го поддржа Град Скопје, бешe наменет за сите млади и креативни луѓе што пишуваат и создаваат, кои ја сакаат, студираат и дејствуваат во културата, уметноста; книжевноста, театарот, музиката, ликовните уметности, филмот, телевизијата, радиото, новите медиумите, интернетот, науката … впрочем се’ што ги опкружува, инспирира, образува, преокупира и поттикнува.

За илустрациите се погрижи Иванчо Талевски, рецензиите ги направи Сашо Огненовски, уредник е Иванка Апостолова Баскар. Проектот го организира ИТИ Македонија.

Сподели