Химната на Европа ,,Ода на радоста“ доби нова изведба во вид на видеоспот, на Денот на Европа. „Ода на радоста“ од Трајковска е класичен кросовер за гудачки инструменти и електронска музика на познатата тема од деветтата симфонија од Лудвинг Ван Бетовен. За композицијата, Пламенка Трајковска го направи комплетниот аранжман. Композицијата е снимана во музичкото студио „Кларион“. Миксот и мастерингот го нарави тон мајсторот Дејан Ангелевски. Во спотот покрај виолинистката Пламенка Трајковска во гудачкиот квартет учествуваат и Сандра Крстевска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Видеото на спотот го снимаше Дејан Марковски, а фотосесијата ја направи фотографот Константин Калошев.
Главен дигитален онлајн дистрибутер е CD Baby. Композицијата „Ода на радоста“ од Пламенка Трајковска е достапна преку сите онлајн-музички мрежи Spotify, Apple music, Amazon, iTunes, Deezer и други.