Голем успех за БиХ: Бронза за Лана Пудар на Светското првенство во Доха

Најдобра босанска пливачка Лана Пудар освои бронзен медал во финалето на 200 метри пеперутка на Светскиот шампионат во Доха. Одличната Лана исплива со време од 2.07.92  и на Босна и Херцеговина и го донесе првиот медал на светско првенство во пливање.
Златен медал освои Британката Лора Стивенс со време 2:07:35, а сребрениот кај Хелена Розендал Бах од Данска.

Поради повреда на работо, Пудар не се тркаше на 100 метри пеперутка во Доха. Повредата не ја поколеба да освои нов меда, 19-ти во нејзината кариера.

– Многу добро чувство. Ве сакам луѓе. Не знам каде се останатите пливачки, ја видов само Корејката покрај мене, ама пливав најдобро што можам“ – рече Пудар.

Сподели