Најдобра босанска пливачка Лана Пудар освои бронзен медал во финалето на 200 метри пеперутка на Светскиот шампионат во Доха. Одличната Лана исплива со време од 2.07.92 и на Босна и Херцеговина и го донесе првиот медал на светско првенство во пливање.
Златен медал освои Британката Лора Стивенс со време 2:07:35, а сребрениот кај Хелена Розендал Бах од Данска.

Поради повреда на работо, Пудар не се тркаше на 100 метри пеперутка во Доха. Повредата не ја поколеба да освои нов меда, 19-ти во нејзината кариера.
– Многу добро чувство. Ве сакам луѓе. Не знам каде се останатите пливачки, ја видов само Корејката покрај мене, ама пливав најдобро што можам“ – рече Пудар.





