Во киното „Милениум“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“ во режија на Гзавие Џеноли. Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е годинашен добитник на седум награди „Цезар“, меѓу кои и награда за најдобар филм.
Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.





