Француска филмска вечер со „Изгубени илузии“ во „Милениум“

Во киното „Милениум“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“ во режија на Гзавие Џеноли. Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е годинашен добитник на седум награди „Цезар“, меѓу кои и награда за најдобар филм.

Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.

Сподели