Филмот „М“ на Вардан Тозија доби награда на Фестивалот во Пула

Македонскиот игран филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус Покус Филмс“ ја доби главната награда на Works in Progress (Филмови во изработка) во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Пула, Хрватска. Филмот „М“ е презентиран во конкуренција со уште десет селектирани меѓународни филмски проекти во фаза на постпродукција.

Станува збор за дистописка бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус, е во потрага по својата мајка.

Филмот е копродукција помеѓу Р.Северна Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

 

Сподели