Емилија, Миша, Нина и Сара на Европската женска математичка олимпијада во Грузија

Четирите средношколки кои ќе ја претставуваат Македонија на Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО 2024) вчера заминаа во Грузија. Емилија Николовска, Миша Веселински, Нина Ламева и Сара Тошевска, предводени од водачот и заменик-водачот Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири ќе учествуваат на 13. натпревар што од денеска до 17 април се одржува во градот Цхалтубо.

Напиот тим беше избран на 5. Меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ кој на почетокот на годинава се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учествона олимпијадата го организира Сојузот на математичари на Македонија.

Сподели