Четирите средношколки кои ќе ја претставуваат Македонија на Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО 2024) вчера заминаа во Грузија. Емилија Николовска, Миша Веселински, Нина Ламева и Сара Тошевска, предводени од водачот и заменик-водачот Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири ќе учествуваат на 13. натпревар што од денеска до 17 април се одржува во градот Цхалтубо.
Напиот тим беше избран на 5. Меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ кој на почетокот на годинава се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учествона олимпијадата го организира Сојузот на математичари на Македонија.





