Промоција на „Љубов во топка“ од Ана Јовковска

Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото во издание на „Светулка“, ќе зборува Владимир Мартиновски. Зошто „Љубов во топка“, прашува Јовковска.

– Заради потребата да раскажам приказна со која ќе може емоционално да се идентификуваат различни деца и родители. Заради идејата да истражам и да поттикнам да се говори за еден од најгорчливите проблеми во денешното општество – врсничкото насилство или булингот. Заради желбата да напишам приказна со која ќе се сензибилизираат луѓето за важноста за социо-емоционалниот развој на децата и менталното здравје. Заради просторот што сакам да им го дадам на децата кои се поинакви… вели Јовковска.

Сподели