Детаљна документација и мерења на влагата се спроведува на фрескоживописот во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Стручниот тикм го предводи м-р Никола Патчев.
– Конзерваторската документација ги прикажува сите видови на оштетувања на фреските и е неопходна за изработка на Проект за конзервација на ѕидното сликарство од оваа црква кој ќе биде изработен во соработка со колегите од Националниот конзерваторски центар од Скопје – информира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид.

Црквата „Св. Софија“ е изградена во 1056 година и е еден од најзначајните споменици на културата во Македонија. Проектот се реализира во рамките на годишната програма на Министерството за култура.
Фото: Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид





