„Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи ја доби Специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Солун. Дебитантскиот долгометражен филм на косовската режисерка, во кој Македонија е копродуцент, ја освои наградата „Сребрен Александар“ во програмата „Meet the Neighbors“ (Запознај ги соседите).
Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фектори“.
Калтринa Красниќи, режисерката на филмот, неодамна ја освои наградата за најдобра режија „Автори под 40“. Красниќи ја освои наградата во рамките на програмата Venezia a Napoli. Il cinema esteso која се организира во соработка со престижниот Филмски фестивал во Венеција.
Жирито во своето образложение вели:
– Наградата се доделува за начинот на кој раскажува преку силата на жените, комплексната врска помеѓу старото и новото, во земја што се обновува: селото и градот, патријархатот и потребите на младите генерации. Режијата ги води со прецизност и кохеренција аспирациите за правда на мајка и ќерка, оставајќи на крај можност да се постават прашања и предизвици за иднината на цело општество и национален идентитет“.
Филмот, кој е копродукција помеѓу Косово, Албанија и С.Македонија, имаше премиера завчера на Венецискиот филмски фестивал. Македонски продуцент е Огнен Антов од „Дрим фектори“.





