Две награди во Индија за „Ако немаше небо“ на Бранко Попчевски

„Ако немаше небо“, краткометражен филм снимен по сценарио и во режија на Бранко Попчевски освои две награди на филмски фестивали во Калкута и во Мадјапрадеш, Индија. Покрај наградата за најдобар краток филм, освои и награда за најдобар актер, за улогата на Ѓорѓи Јолевски.

Покрај Јолевски во филмот игра и Елизабета Клинчаревска-Младеновска, а продукцијата е на „Сан Арт“. Филмот досега беше прикажан во официјалната селекција и на меѓународни филмски фестивали во Ванкувер, Монтреал, Лондон, Будимпешта и Загреб. Продуценти се Никола Китановски и на Попчевски, а кинематографер е Никола Китановски. Монтажата е на Ивона Попчевска, костимографијата на Раде Василев, шминката на Игор Петрески, а музиката е на Попчевски.

Сподели