До среда пријавување кандидатури за нов претседател на ДПМ

До среда, 15 мај е отворен повикот за кандидатури за нов претседател на Друштвото на писатлите на Македонија, соопшти Управниот одбор на писателската асоцијација. Изборното собрание е закажано за 1 јуни. Во меѓувреме, тим од правници врши измени и дополнување на постоечкиот Статут на ДПМ, во согласност со Законот за здруженија од доменот на културата. Предлог-статутот најдоцна со 20 мај ќе биде испратен до членството на разгледување, а потоа предложен за усвојување на изборното Собрание. Кандидатурите и предлог-програмите на кандидатите исто така ќе бидат испратени на разгледување до членството, за членовите навреме да бидат запознаени за што ќе гласаат на изборното Собрание.

– Периодов се ажурира постоечкиот Регистар на членови на ДПМ, се бришат починатите и членовите кои доброволно истапиле од друштвото. Во тек е и иницијативата членовите да го потврдат своето активно членство со подмирување на заостанати членарини помеѓу две изборни Собранија – велат од УО на ДПМ.

Контактирано е речиси целото членство (269 члена) тоа по електронски пат или по пошта. Право на гчас на изборното Собрание ќе имаат сите што ќе ги подмират двете членарини (за 2023 и 2-24 година). Со ажурирањето на Регистарот на ДПМ и со потврдувањето на активното членство ќе се утврди и кворумот неопходен за одржување на изборното Собрание.

За сите дополнителни информации заинтересирани може а го контактираат потпретседателот на УО на ДПМ, Зоран Анчевски.

Сподели