Дебата на тема „Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело“

Во фоајето на Центарот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер во 19 часот ќе се одржи промотивниот настан „Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело“. Модератор на настанот ќе биде Александар Еленин, а ќе учествуваат гости од повеќе хуманистички области кои ќе бидат инспирација и мотивација за плодна дискусија.

Во рамките на настанот археологот и музичар Гоце Наумов, со својот труд насловен „Телесност и отелотворување – Иконографии на човечкото тело“ прави солиден обид за толковно перципирање на телесноста во минатото преку археолошките артефакти, притоа и проширувајќи го тоа значење и манифестација на телесноста во другите уметнички и хуманистички дисциплини.

– Со неговата студиозна анализа на човечкото тело преку археолошките артефакти во општествен контекст, Наумов трасира и нуди можност за една подлабока семиотичко толкување на антропоморфната иконографија. Поради овие факти, неговото промотивно предавање во рамки на културниот циклус настани „Процеп во процес“ кое го трасираше Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе биде убава и инспиративна можност да ни биде приближена една друга димензија на нашата автореференцијална телесна перцепција која ние денес рутински си ја правиме со гледање во огледало – велат организаторите.

Сподели