„Приказничар“ на Жарко Кујунџиски – најдобро прозно дело, „Посвети и пофалби“ на Џепароски – најдобро поетско

Романот „Приказничар“ на Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно остварување во 2024 година. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија ја доби „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски, во издание на „Дијалог“.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски, во издание на „Светулка“, додека Димитар Митрев“ за најдобра книга критика или есеистика ја доби Наташа Аврамовска за „Книжевни паметници“, во издание на Институтот за македонски јазик.

„Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“) од Гордана Јовиќ-Стојковска во издание на „Слово љубве“ ја доби наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Македонија во 2024 година.

Наградите ќе им бидат врачени утре во просториите на Друштвото, кое ќе одбележи 78 години постоење.

Сподели