Благодарница за поддршка на олимписките тимови на меѓународните олимпијади по физика и природни науки доби редакцијата на Умно.мк од Друштвото на физичарите на Република Македонија. Благодарница ни беше врачена вчера на традиционалното одбележување на успесите на младите талентирани физичари на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Претседателот на ДФРМ, проф. д-р Ламбе Барандовски ја оцени 2024 како една од најуспешните години во кои младите физичари постигнаа одлични резултати. Еден од нив е првиот златен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика што ја освои Јан Стојановски, бруцош на два института на ПМФ. Талентите добија благодарница и новогодишно пакетче, а за Јан имаше и специјална награда – две книги што му ги додели Македонската академија на науките и уметностите. Талентите добија големи аплаузи за нивните успеси. Барандовски од името на ДФРМ им се заблагодари на родителите на олимпијците кои во многу тешка година парично ги помагаа патувањата на меѓународните натпревари и на спонзорите за поддршката.
Да се потсетиме, ова се достигнувањата на талентираните физичари во 2024 година. Дел од учениците тогаш беа 4 година, во моментот се на прва година на различни факултети во Македонија или во странство.
54. Меѓународна олимпијада по физика, од 21 до 29 јули во Исфахан, Иран.
1. Јан Стојановски – сребрен медал, ученик во „Јахја Кемал“ во Скопје.
2. Емилија Николовска – бронзен медал, ученичка во МИГ во Скопје.
3. Андреј Стојановски – бронзен медал, ученик во „Јахја Кемал“ во Скопје.
4. Матеа Митревска – награда за успешно учество, ученичка во „Јахја Кемал“ во Скопје.
5. Дамјан Стојанов – ученик „Јахја Кемал“ во Скопје.
8. Европска олимпијада по физика, од 15 до 19 јули во Кутаиси, Грузија.
1. Јан Стојановски – златен медал, ученик во „Јахја Кемал“ Скопје.
2. Матеј Гелев – пофалница, ученик во „Јахја Кемал“ Скопје.
3. Емилија Николовска – пофалница, ученичка во Математичко информатичка гимназија во Скопје.
4. Димитриј Анѓеловски – пофалница, ученик во „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
5. Дамјан Стојанов – ученик во „Јахја Кемал“ во Скопје.
21. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни, од 2 до 12 декември во Букурешт, Романија:
1. Никола Стојковски – бронзен медал, ученик во МИГ во Скопје.
2. Мила Порјазоска – бронзен медал, ученичка во „Орце Николов“ во Скопје.
3. Андреј Тасиќ – бронзен медал, ученик „Јахја Кемал“ во Скопје.
4. Јаков Геговски – бронзен медал, ученик во „Јахја Кемал“ во Скопје.
5. Валентино Атанасоски – бронзен медал, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ во Скопје.
6. Михаела Блажевска, ученичка во МИГ во Скопје.
6. Балканска олимпијада по физика, од 20 до 24 јуни во Никшиќ, Црна Гора.
1. Искра Нечаковска – ученичка во „Јосип Броз-Тито“, Битола (сребрен медал и награда за целосно решена задача).
2. Марко Митевски – МИГ, Скопје (бронзен медал).
3. Елена Трифуновска – МИГ, Скопје (пофалница).
4. Даниел Христовски – „Јахја Кемал“, Скопје (сертификат за учество).





