Од дневникот на УКЛО КОЛОРС – Недела на виртуелно патување

Крајот на календарската година како повод за резиме на дел од активностите на КОЛОРС
е добра можност да се „ѕирне“ во УКЛО дневникот, за возбудливата Недела на виртуелно
патување. Студенти и вработени на УКЛО заедно со колеги од универзитетите партнери на КОЛОРС Алијансата учествуваа во интерактивно, виртуелно патување низ девет различни земји насловено Virtual journey week.

Раководителката на Јазичниот центар при УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Виолета Јанушева со своите најблиски соработници докторанди, магистранди и додипломци: Елена Шалевска, Марија Стојаноска, Ева Нешкоска и Ненад Димчевски, беа носители и реализатори на содржините на УКЛО КОЛОРС во виртуелната недела на патувања, како нов КОЛОРС предизвик по успешно реализираната активност за Европскиот ден на јазиците.

Студентите и професорите од УКЛО се неподелени околу впечатокот дека Неделата на
виртуелни патувања им обезбеди на учесниците уникатни дигитални искуства што е
такаречи идентично искуство кај сите учесници од Алијансата. Вклучени во јазични кафулиња, курсеви за дегустација, квизови и интересни видеоклипови прикажана е различноста на универзитетите, колоритноста на културите и „боите„ на јазиците на Алијансата.

Можноста да учествуваат во дискусии на различни јазици, да се поврзат со студенти и
колеги од цела Европа и да разменуваат сознанија за културни и академски теми, за
претставниците од УКЛО КОЛОРС е посебно искуство. Студентите кои беа дел од оваа
иницијатива и колоритно патување, на најдобар начин, инспиративно и интерактивно ги
претставија подеднакво важно и рамноправно – македонскиот јазик и македонската
култура. Краткото видео што УКЛО го сподели на својот инстаграм, доловува дел од
атмосферата кога партнерите од Aлијансата учеа за македонскиот јазик

Virtual journey week овозможи претставниците од УКЛО да бидат достапни да одговараат
на прашања и заедно со други колеги студенти да ги споделуваат персоналните искуства
преку лична перспектива како поглед „од прва рака“ во светот на меѓународните студии.
Дневникот на УКЛО КОЛОРС за Virtual journey week содржи уште еден важен момент.
Учесниците уживаа во неделата на дигитално истражување, виртуелна недела на
патување. Тие се подготвени да не ја пропуштат следната шанса за да може да
истражуваат, да се поврзуваат и да се инспирираат меѓусебно.

Интерактивното, виртуелно патување ги опфати деветте земји на Алијансата КОЛОРС:
Франција, Германија, Шпанија, Италија, Хрватска, Македонија, Полска, Шведска и
Латвија. Настанот се одржа на платформата BloomHub, што е специјален простор што ги
интегрира сите Moodle платформи за е-учење на партнерите од алијансата а додава и
уште една, за новосоздадените студиски програми, курсеви и микрокурсеви што ќе следат како што се развива Европскиот универзитет.Исто така, за прв пат, се истестира
доделувањето на т.н. Open badges, вид на сертификат којшто се доделува за пократки настани и курсеви, и којшто заедно со микроквалификациите ќе ги збогатува знаењата,
вештините, компетенциите, но и додатокот на диплома и биографиите на нашите
студенти.

Неделата на виртуелно патување е забележана како активност на КОЛОРС центарот за
јазици, во чија работа, меѓу главните носители во работата и како значаен катализатор е и академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска.
Преку информирање за активноста на сите комуникациски канали на УКЛО, можноста да се вклучат ја имаа студенти од сите три циклуси на УКЛО, заедно со кадарот.

Организаторите на активноста – јазичните центри на сите 9 партнери во Алијансата, имаа креативен пристап со тоа што се ставија во улога на пилоти и ги најавуваа сите
дестинации една по една, така што учесниците уживаа и учеа преку симулирано патување низ глобалниот кампус на КОЛОРС.

Воведната сесија е комплетно снимена, и може да се проследи од удобноста на домот, патувајќи низ следниот линк:

Како заокружување и поттик и други студенти и вработени на УКЛО да земат учество во
Неделата на виртуелно патување во 2025, отворена е покана да сите заинтересирани со
можност да го проверат своето познавање преку следниот КВИЗ:

Од УКЛО КОЛОРС во дневникот е наведено и ова: „Активноста – Virtual journey week
значеше јазичен, содржински, дизајнерски, софтверски и инфраструктурен потфат на
членовите на Алијансата КОЛОРС и ќе биде традиционален настан секоја година, со
очекуван опфат на ко-организатори и бројни учесници, без ограничувања.

Сподели