Анди Исмаили, златното момче од Гостивар, одушеви на хрватското шоу „Суперталент“

Анди Исмаили од Гостивар, кој е трикратен светски шампион во современи танци, имаше прекрасен настап на хрватското шоу „Супер талент“. Тој го одушеви жирито со својот настап и доби т.н златно копче што го носи во полуфиналето на натпреварот за таленти.

Анди танцува од 2017 година и во меѓувреме бележи огромни успеси. И пред хрватската публика сподели дека не секогаш со него се фини неговите сограѓан и и дека се уште постојат предрасуди на темата момче што танцува.

-Но, мене тоа ме направи посилен. Сакам да покажам дека и дете од мало место може да успее – рече Анди, меѓу друтото.

Фото: Суперталент

Сподели