Во чест на 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески, денеска во 12 часот во салата за седници при Филолошки факултет „Блаже Конески“ ќе се одржи свечен час. Поздравна реч ќе даде проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет и проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководител на Катедрата за македонски јазик. Пригодни обраќања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска.
Првата граматика за учебник во средните училишта е објавена на 24 јануари 1926 година. Решението го донесе Министерството за народна просвета на Македонија.





