Литературен конкурс, промоција на „Сликовницата на Халки“, октомври – месец на детското штедење

Литературен конкурс за деца на тема „Инклузија – сите деца се исти“ и промоција на ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“ најавува „Халкбанк“ во рамките на октомври – месец посветен на детското штедење. По повод месецот на штедење, банката ја почна промотивната кампања за детското штедење Халки, со каматни стапки до 1,7 отсто. Промотивните каматни стапки се однесуваат на сите новоотвоени депозити до 31 октомври, кога се одбележува Меѓународниот ден на штедењето.

– Годинава одлучивме октомври целосно да го посветиме на детското штедење, но и на децата генерално. Покрај понудата на најповолни каматни стапки за отворање детски штедни книшки, наскоро ќе објавиме литературен конкурс за деца на тема „Инклузија – сите деца се исти“. До крајот на месецот ќе го промовираме ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, кое ќе има и своја хуманитарна димензија – вели Маја Наумовска – Савеска од „Халкбанк“.

Минималниот износ за отворање денарски детски депозит изнесува 1.000 денари, а штедењето во евра може да почне од 20 евра. Постапката е едноставна. За отворање детски депозит потребни се лична карта или пасош од законскиот застапник – родител или старател и извод од матична книга на родените на детето. За секој новоотворен депозит, малите штедачи добиваат дизајнирана детска штедна книшка и подарок касичка од Халки.

Во текот на октомври, на фејсбук-страницата на Халки, кој прерасна во симбол на детското штедење, ќе бидат објавени неколку видеа и поткасти со едукативни содржини за деца. Повеќе информации за детското штедење Халки ТУКА.

Сподели