Изложбата „Неонска рефлексија“ на авторот Антонио Перковски до 31 октомври ќе биде поставена во излозите на кафе-бар „Нано“ и Францускиот институт во Скопје. Илустрирајќи го градот како отворена галерија преку уметност прикажана во излозите, идејата е да се поттикне комуникација помеѓу пошироката публика и уметноста, притоа, овој пат, раскажувајќи мултидимензионални приказни за трансхуманизмот и технолошката еволуцијата на човештвото преку неонската рефлексија “, стои во кураторскиот текст.
Вчера во рамките на проектот се одржа и панел дисусија во Europe House Скопје на која учествуваше Солин Д’Абовил, француска дизајнерка, сценографка и специјалистка за дизајнирање излози. Темата на дискусијата беше „Излогот како алтернативна уметничка галерија“.





