Операта „Дон Џовани“ вечерва во НОБ

Во Националната опера и балет вечерва во 19.30 часот ќе биде изведена операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Диригент е Џанлука Мартиненги, а режисер Лев Пуљиезе, обајцата од Италија. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Oлга Панг. Концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во улогата на Дон Џовани ќе настапи Кристијан Федеричи од Италија, а на Лепорело – Јанош Носек од Полска. Комендаторе е Игор Дурловски, Дона Ана – Ана Дурловски, Дон Отавио – Нико Франкини од Италија, Дона Елвира – Злата Тошевска-Димовска, Церлина – Николина Јаневска, Мазето – Драган Ампов. Ќе настапат и Хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Фото: Марко Угарковиќ

Сподели